Дневен ред за 32-та Седница на Советот на општина Василево

DSCN5467

Во среда, 28.10.2015 година, со почеток во 13,00 часот Советот на општина Василево ќе ја одржи редовната 32-ра Седница. За работа на Седницата предложен е следниот дневен ред:
1. Квартален извештај за извршување на Буџетот за 2015 година за периодот од 01.01.2015 до 30.09.2015 година (К-1).
2. Квартален извештај за доспеаните а неизмирени обврски на општина Василево за периодот од 01.01.2015 до 30.09.2015 година (К-2).
3. Квартален извештај за промените на состојбата на задолжувањето на општина Василево за периодот од 01.01.2015 до 30.09.2015 година (К-3).
4. Измени и дополнување на Буџетот на општина Василево за 2015 година.
5. Предлог-одлука за ослободување од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште за изградба на објекти каде што како инвеститор се јавува општина Василево.
Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail