Општина Василево подготвена за манифестацијата Ден на празот

DSCN8721

Општина Василево ги прави последните подготовки за успешно спроведување на манифестацијата Ден на празот, која ќе се одржи во недела, на 01 11 2015 година, со почеток во 11,00 часот, во населеното место Градошорци.
Главната поддршка општината ја има од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство при Владата на Р.Македонија.
Манифестацијата која пред осум години започна како обид за промоција на една градинарска култура и едно поднебје; обид за промоција на празот и Градошорци како место во кое секое домаќинство произведува праз и тоа висококвалитетен; манифестацијата која имаше за цел на едно место да ги собере производителите, откупувачите и преработувачите, манифестација со цел преку празот да ја промовира и општината, сосема сигурно ги оправда очекувањата. „Денот на празот“ или Празијада како што е популарно позната, веќе е манифестација која одамна ги надмина локалните рамки, манифестација која и дава посебен белег на општина Василево, бренд со кој општината се идентификува и промовира. Интересот за манифестацијата од година во година расте, а гости се не само жителите од населените места на општината и од регионот, туку и од целата држава, па и организирани групи од соседна Бугарија кои на заминување со себе задолжително носат од најубавиот и највкусниот праз – градошорскиот.
Белег на оваа манифестација се огромниот број специјалитети од праз, главно подготвени од локалните домаќинки. На манифестацијата ова и дава посебен белег, а на посетителите им овозможува да го вкусат токму градошорскиот праз употребен во традиционалните рецепти.
Оваа година како дел од програмата ќе настапат и Благица Калева и групата Модус, со што посетителите освен што ќе имаат можност да го вкусат градошорскиот праз, ќе можат и убаво да се забавуваат.
Општина Василево упатува отворена покана до сите граѓани, во недела, на 01. 11. 2015 да дојдат во Градошорци и да уживаат во манифестацијата Ден на празот. Почетокот е во 11,00 часот а манифестацијата се одржува во дворот на црквата Св. Никола.

DSCN4302

DSCN8481

DSCN8500

DSCN8508

DSCN8509

DSCN8510

DSCN8511

DSCN8512 DSCN8651

DSCN8694

DSCN8706

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail