Советот ги усвои Програмите за работа на општина за наредната година

DSC_0199

Членовите на советот на општина Василево, на денешната редовна 33-та Седница ги усвоија сите предлози од дневниот ред, кои во најголем број беа Програми за работа на општината за наредбата 2016 година.
„ На наше големо задоволство и на задоволство на граѓаните на општина Василево сите Програми беа едногласно донесени, што значи дека Програмите се содржајни, богати и го содржат она што е приоритетно за граѓаните на општина Василево за 2016 година. Сите се надополнети со предлозите на граѓаните и она што произлезе од одржувањето на Форумите во општина Василево“, изјави градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов, по завршувањето на денешната седница.
Донесени беа вкупно 15 Програми од чија реализација ќе значи, како што нагласи градоначалникот Стојанов, „суштествено подобрување на животот на сите граѓани“ . На седницата беше донесен и Деловникот за работа на Советот за млади, а одобрени беа и две барања за финансиска поддршка на црквите во населените места Пиперево и Радичево.

DSC_0156 DSC_0173 DSC_0176 DSC_0181 DSC_0182 DSC_0184 DSC_0186 DSC_0190 DSC_0192 DSC_0197 DSC_0201 DSC_0203 DSC_0207

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail