Потпишан договор за изградба на канализација во Владиевци

DSC_0216

Градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов и претставникот на градежната компанија Пешо Инженеринг денес потпишаа договор за изградба на канализација во населеното место Владиевци.
Како што информираше градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов активностите на терен ќе започнат за две недели, а во оваа фаза ќе биде изграден дел од крак односно дел од собирниот колектор во вкупна должина од 611 метри, кој се протега на потегот од М-6 кон населемото место Сушево.
Вредноста на денес потпишаниот договор односно буџетот за изградба на овој крак изнесува околу 1 400 000 денари, а средствата се обезбедени од Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за користење на финансиски средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015 год.
Според градоначалникот Стојанов, изградбата на собирниот колектор во с. Владиевци е само почеток на овој голем проект кој ќе се реализира етапно во зависност од обезбедувањето на средства за негова реализација.
Што се однесува до реализацијата на останатите планирани активности во општина Василево, тие се одвиваат со планираната динамика а во прилог на ова е и денешното распишување на тендерот за асфалтирање на улицата во с. Сушево која се протега покрај поројот, потенцираше градоначалникот на општина Василево на денешното потпишување на договорот за изградба на канализацијата во Владиевци.

DSC_0213

DSC_0220

DSC_0224

DSC_0226

DSC_0227

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail