Во четврток, крводарителска акција во Василево

DSC_0311

Во четврток, 26.11.2015 година, во Василево, Црвениот крст на Македонија и Заводот за трансфузициона медицина, Струмица, во соработка со локалната самоуправа Василево организираат доброволна крводарителска акција. Акцијата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево во периодот од 08,00 до 14,00 часот.
Организаторите ги покануваат граѓаните на општина Василево да се вклучат во акцијата и да ја покажат својата хуманост на дело.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail