Во понеделник ќе се одржи четвртата форумска сесија

DSC_0359

Во понеделник, 30.11.2015 година со почеток во 18,00 часот, во просториите на мотелот Мис Стон, општина Василево ќе ја одржи Четвртата форумска сесија од Буџетскиот форум. На сесијата присутните ќе имаат можност да проследат презентациите за расходите на програмите за: „Изградба на системи за одведување и пречистување на отпадни води “ на општина Василево за 2016 година Уредување на градежно земјиште во рурални подрачја“ на општина Василево за 2016 година „Јавна чистота“ на општина Василево за 2016 година, по што че имаат можност за дискусија и предлози за нивни измени или дополнувања. Општина Василево упатува отворена програма до сите заинтересирани граѓани да се вклучат во работата на сесијата и на тој начин да учествуваат во креирањето на Буџетот на општина Василево за наредната 2016 година.
Овој Буџетски форум општина Василево го спроведува со поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и Единицата за координација на форумите (ЕКФ).

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail