Општина Василево ќе се вклучи во акцијата Ден на дрвото – засади ја својата иднина

den na drvoto1

Општина Василево ќе се вклучи во акцијата „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“, која ќе се одржи во среда на 02.12.2015 година. Според информацијата од општинскиот координатор Боби Величковски, Василевчани ќе засадуваат во месноста викана Чешмедере која се наоѓа меѓу населените места Чанаклија и Нова Маала.
На површина од 40 ха. ќе бидат засадени 16 000 садници и тоа 8000 садници црн бор и исто толку садници бел бор. До локацијата за пошумување обезбеден е организиран превоз, односно заинтересираните ќе може да одат со автобуси чие поаѓање ќе биде во 09,00 часот од пред општина Василево и од пред ООУ „Гоце Делчев“ Василево, а враќањето е планирано за во 12,00 часот.
Администарцијата на општина Василево, како и вработените во ЈПКД„Турија“ Василево и вработените и учениците од училиштата од општината, како и досега, активно ќе се вклучат и во оваа акција „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail