Интервју на градоначалникот Ванчо Стојанов дадено за септемврискиот Билтен на Програмата „Форуми во заедницата“

intervjuto, slika

Градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов по повод одржувањето на  Буџетскиот форум во општина Василево, даде интервју за септемврискиот број на Билтенот на Програмата „Форуми во заедницата“. Во продолжение е целото интервју.

1. Општина Василево за прв пат го спроведува Буџетскиот форумски процес. Кои се вашите очекувања од одржувањето на форумот

Општина Василево и во изминатиот перод при составувањето Буџетот го работеше транспарентно со почитување на гласот на општинската администрација советниците и пред се граѓаните.
Ова година благодарение на Швајцарската агенција за развој и соработка и Единицата за кординација на форумите ќе имаме можност тоа да го правиме потранспарентно и во најблизок контакт со граѓаните.Општина Василево досега има реализирано еден Форум на заедницата и тоа меѓуопштински со Босилово. Од овој форум кој го реализиравме пред три години бенефитите веќе ги чуствуваме. Граѓаните тогаш одлучија дека приоритет се чистењето на одводните канали заради што изгласаа набавка на механизација. Истата веке е во функција и контуинирано се чистат одводните канали а како механизација ни служи и за ископ на нови водоодни линии. За нас тоа беше огромно искуство бидејки само ја зајакна врската мегу општината и граѓаните во поглед на приоритетите. Буџетскиот форумски процес е е поразличен од мегуопштинскиот и проектниот Форум на заедницата но сепак најважното останува, граѓаните да партиципираат во креирањето на локалните политики на дејствување. Со овој процес очекувам граѓаните директно да се запознаат со структурата на Буџетот, приходниот и расходниот дел, неговата реализација во претходните години но и што како план го имаме за следната година. Значи граѓаните изворно ќе знаат што планираме како расходи за следната година со можност и тие да ,,интерверираат,, со проекти што ги сметат како прироритетни а за кои ке гласат, тоа нзачи нема ,, бегање,, од гласот на граѓаните. Ние сме овде во функција на граѓаните и од овој буџетски форумски процес очекувам граѓаните директно да се вклучат во креирањето на Буџетот на нашата и нивна општина.

2. Дали сметате дека Буџетскиот форум може да ви помогне во утврдувањето на стратешките и развојните приоритети на општината

Секако. Јас сум убеден дека низ процесот ќе произлезат секакви предлози. Знаете од бројка од 100 тина граѓани присутни на сесија, сигурно дека ке произлезат најмалку 50 тина предлози сугестии идеи . Некој од нив ќе образложат и проблем кој е актуелен во нивната средина . Сето тоа од наша страна ке биде евидентирано и класифицирано. Во слободен разговор и отворена постапка, каде од една страна се граѓаните од друга градоначалникот и дел од општиснката админситрација ќе произлезат предлози кои се долгорочни, ќе има идеи кои може да бидат во интерес на општината. Така да тие нивни сугестии предлози идеи може да ни послужат за поголема ангажираност на нашите служби истите да ги преточиме во предлог проекти за нивна реалзиација, секако доколку се реални.Знаете ние како рурална општина па и останатите од овој тим имаме скромни Буџети а потребите на граѓаните се поголеми од урбаните општини чии буџети се далеку далеку поголеми од нашите. Така што мора да направиме строга селекција на најприоиритетното. Но во секој случај ваквите средби со граѓаните низ буџетски форумски процес и те како ќе придонесата во утврдуањето на развојните приоритети.

3. Дали и Колку е пдоготвена локалната власт транспарентно и отчетно да одговори на барањето на граѓаните при ,, кроењето,, на Буџетот

Општина Василево контуинирано се залага за транспаренто и отчетно работење. Тоа сме го докажале многупати за што сме биле и наградувани. Секогаш сме биле транспаренти при носењето на Буџетот и негово извршување за што редовно даваме и отчет. Желбите на граѓаните се големи но можностите на Локалната самоурпава ограничени во поглед на финансиските ресурси и не можеме да реалзираме одеднаш се, но се трудиме барањата на граѓаните да бидат приоритет ако не за тековната тогаш за следната година со акцент на обезбедување средства. Секако дека моето лично присуство ќе биде неопходно, што ни беше пракса и претходно кога ги посетувавме месните заедници но сега во организирана форма може да одговориме директно на барањата на грѓаните на овој начин го подигнуваме и степенот на демократија, ја приближуваме општината како институција со граѓаните и ја зајакнуваме соработката.

 

http://www.forumivozaednicata.com.mk/download/bilten-septemvri-2015-mk.pdf

Ова е линкот од Билтен бр.3 во кој е  интервјуто на градоначалникот на општина Василево Ванчо Стојанов.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail