Општина Василево ја одржа четвртата форумска сесија

DSC_0407

Стотина граѓани, синоќа учествуваа во работата на четвртата форумска сесија од Буџетскиот форум што општина Василево го спроведува во соработка и со поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и Единицата за координаија на форумита (ЕКФ). Дадоа вкупно седум нови предлози за проекти кои побараа општината да ги реализирала во наредната 2016 година. Шест од дадените предлозите се од областа на одведувањето и третманот на отпадните води а еден од областа уредување на градежно земјиште во руралните подрачја.
„Сите предлози кои се дадени, а се соодветни и се вклопуваат во Програмите на општина Василево, во наредниот период односно во 2016 година ќе бидат реализирани. А за тоа ќе бидеме сведоци и на последната шеста форумска сесија каде што ќе образложиме, се што општина Василево успеала да реализира од сите предлози кои се произлезени од граѓани на општина Василево“ изјави градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов во врска со можноста за реализција на проектите кои како предлози ги дадоа граѓаните на оваа и на претходните форумски сесии.
На четвртата форумска сесија, присутните беа информирани за ставот на градоначалникот и општината во врска со можноста за реализација на проектите кои како свои предлози тие ги дадоа на претходната, трета форумска сесија.
Преку презентации за расходите во програмите за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води, програмата за уредување на градежно земјиште во руралните средини и програмата за јавна чистота и преку дискусиите и прашата кои следуваа, граѓаните –учњсници во форумот имаа можност да ги искажат своите ставови и мислења во врска со предложените проекти и во рамки на предложениот Буџет да предлозат одредени измени односно нови проекти чија реализација ја сметаат за поприоритетна.
Наредната пета форумска сесија на која граѓаните ќе имаат можност да гласаат за тоа кои од досега предложените проекти би требало да се имплементираат во наредната 2016 година ќе се одржи после две недели, на 14.12 2015 година.

DSC_0399

DSC_0400

DSC_0405

DSC_0419

DSC_0421

DSC_0423

DSC_0433

DSC_0434

DSC_0435

DSC_0438 DSC_0443

DSC_0450

DSC_0451

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail