Избран нов претседател на Советот на општина Василево

DSC_0477

Драги Митев од ВМРО ДПМНЕ, едногласно со подршка на сите советници, на денешната редовна триесет и четврта седница, е избран за претседател на Советот на општина Василево. Пред чинот на гласање, советникот од СДСМ Марјан Јанев, во име на советничката група на СДСМ му даде поддршка на Митев, кој во истиот стил по седнувањето на претседавачкото столче заблагодарувајќи се на поддршката и изборот рече дека Советот е политичко тело и тој очекува и во иднина ваква конструктивност и залагање од сите негови членови во интерес на негово  функционирање.
Драги Митев на оваа позиција доаѓа на местото на Дајанчо Ефтимов кој стана пратеник во Републичкиот парламент. На денешната седница верификуван е и мандатот на Катерина Филева Петревска, советник од редовите на ВМРО ДПМНЕ која го пополнува испразнетото место по заминувањето на Ефтимов на функцијата пратеник.
По верификацијата на мандатот и именувањето на претседателот на Советот, општинскиот Совет во полн состав работеше по останатите точки од дневниот ред.
Советниците беа едногласни во донесувањето на Програмата за работа на Советот на општина Василево за 2016 година, Програмата на општинскиот совет за превенција на малолетничко престапништво на општина Василево како и за барањето за финансиска поддршка поднесено од физичко лице кое претрпело материјална штета во пожар.
Единствено барање кое беше отфрлено, односно не го доби потребното мнозинство, беше барањето за финансиска поддршка од здружението на тутунопроизводители „Басмак“ од Василево.

DSC_0468

DSC_0469

DSC_0470

DSC_0472

DSC_0505

DSC_0492

DSC_0503

DSC_0480

DSC_0498

DSC_0478

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail