Селектирани проектите за кои граѓаните ќе гласаат на 5-та форумска сесија

DSC_0522

На синоќешниот мини форум во чија работа учествуваа членовите на оперативниот тим и по двајца претставници од работните маси, беше направена селекцијата на 76-те предлози дадени за време на претходните сесии. Со гласање, кое се одвиваше поединечно по работни маси, беа селектирани 30 предлози, од кои на петата форумска сесија граѓаните ќе направат приоритетна листа согласно која истите ќе треба да бидат имплементирани од страна на локалната самоуправа.
На листата од триесет проекти се: Регулација на Сушички порој во село Сушево , Изградба на улица 5 во с. Градашорци за пристап до индустриска зона , Изградба на локален пат Василево- Градашорци од 650 м., Изградба на дел од фекална канализација во Василево , Изградба на дел од фекална канализација за село Владевци, Изградба на дел од улица 9 во Индустриска зона Градашорци, Изградба на локалниот пат Василево – Градошорци, Изградба на локален пат Нова маала – Чанаклија од 1000 м, Реконструкција на локален пат клучка Мал одмор Владевци од 2000 м, Новогодишно-божиќен турнир во мал фудбал во Василево, Јавна чистота (чистење и одржување на диви депонии, гробишта и улици од цврст отпад), Улица во Владевци во должина од 300 м ,Одведување и прочистување на отпадни води во Василево (чистење канали во Ангелци, Градошорци, Седларци, Чанаклија, Нова Маала, Доброшинци, Радичево, Дукатино, Сушево, Василево, Пиперево и Владевци), Манифестација „Ден на празот“ во Градашорци, Субвенционирање на фудбалски клуб „Василево“ од Василево, Изградба на фекална канализација во индустриска зона, Други комунални услуги (посипување и порамнување на земјени локални патишта и улици во сите населени места), Изградба на повеќенаменско игралиште во с.Висока Маала, Изградба на систем за одведување и пречистување на отпадни води во с.Ангелци, Одводни канали и речни корита, Изградба на детско игралиште во паркот во с.Василево, Изградба на повеќенаменско игралиште во сДоброшинци, Улица во Едерниково од 250 м, Изградба на улица во Нова Маала од 300 метри, Средства за подршка и наградување на талентирани ученици и Велигденски турнир во мал фудбал во Василево.

DSC_0513

DSC_0515

DSC_0526

DSC_0516

DSC_0524

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail