Технички прием на системот за парно греење во училиштето во Радичево

DSC_0583

„ Денеска сме тука заедно со нашите партнери и поддржувачи од Сокотаб, кои преку МЦМС (Македонскиот центар за меѓународна соработка) заедно го реализираа проектот за ново топловодно греење“, изјави директорот на МЦМС Димче Митрески при денешната посета на училиштето во Радичево, каде заедно со партнерите направија увид во состојбата, односно изврешен е технички прием на системот за парно греење во ова училиште.
„ Ние работиме во сите овие области во кои се одгледува тутунот и сакаме да ги поддржиме и нашите тутунопроизводители и нивните деца за да добијат што е можно подобро образование, а тоа може да се случи само ако имаат добри работни услови во училиштето„, изјави генералниот директор на Сокотаб Битола, Џовани Бети објаснувајќи го мотивот да донираат токму во образованието.
Општина Василево, односно училиштата и во изминатиот период имаат успешна соработка со Сокотаб Битола и МЦМС, а конкретно во училиштето во Радичево, претходната година, со истите партнери беше реконмструиран кровот и столаријата така што со овој проект обезбедено е комплетирање на енергетската ефикасност на училиштето односно подобри услови за греењето.
Благодарност до МЦМС, Сокотаб и локалната самоуправа изрази директорката на ООУ „Гоце Делчев“ Василево, во чија надлежност е ова училиште Емилија Котева. „На Сокотаб и МЦМС им благодариме што ни овозможија да ги подобриме условите во нашето училиште, бидејќи со системот за топловодно греење се подобруваат условите за работа како од образовен така и од хигиенски аспект“, рече директорката Котева.
Буџетот за поставување на системот за топловодно греење изнесува 740 000 денари а средствата се обезбедени од Сокотаб Битола, додека  реализацијата на активноста е спроведена преку МЦМС.

DSC_0532

DSC_0534

DSC_0540

DSC_0551

DSC_0552

DSC_0569

DSC_0555

DSC_0563

DSC_0574

DSC_0576

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail