Ѓраѓаните на општина Василево одлучија кои проекти им се приоритетни

DSC_0086

Регулација на Сушички порој во с. Сушево е проектот кој доби најмногу гласови од граѓаните на синоќа одржаната пета форумска сесија од Буџетскиот форум, што значи ова е проектот за кој граѓаните на општина Василево сметаат дека е најприоритетен. Како втор приоритет според бројот на гласовите е изградбата на локалниот пат Василево – Градошорци, трет е улица во Василево во должина од 600 метри, а во првата десетка се и: Изградба на дел од фекална канализација во Василево, Одведување и прочистување на отпадни води во Василево (чистење канали во Ангелци, Градошорци, Седларци, Чанаклија, Нова Маала, Доброшинци, Радичево, Дукатино, Сушево, Василево, Пиперево и Владевци), Улица покрај порој во Сушево во должина од 1200 м, Изградба на локален пат Нова маала – Чанаклија од 1000 м, Изградба на систем за одведување и пречистување на отпадни води во с.Ангелци, Изградба на улица 5 во с. Градашорци за пристап до индустриска зона, и изградба на детско игралиште во с. Василево.
„Јас се надевам дека за извесен период односно за период од околу една година ќе бидеме и сведоци на реализација на истите овие проекти кои како приоритетни ги изгласаа граѓаните на општина Васиево, изјави градоначалкникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов, заблагодарувајќи им се на сите кои како што рече  издвоија дел од своето драгоцено време и присуствуваа на форумските сесии покажувајќи на тој начин интерес за работата на локалната самоуправа. “
На петата форумска сесија, граѓаните на градоначалникот Стојанов му ги предадоа и препораките за реализација на оние проекти кои не влегоа во листата на приоритни, а за кои градоначалникот рече дека ќе прави напори истите во најбрзо време да се реализираат.
Граѓаните со право на глас, присутни на петата сесија, освен за приоретизација на 30-те предложени проекти, кои би се имплементирале во текот на наредната 2016 година, гласаа и за приоретизација на Програмит. Најмногу гласови  од граѓаните доби Програмата за изградба, реконструкција и одржување на локални патишта и улици, второ рангирана беше Програмата за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води, а Програмата за локален економски развој е трето рангирана.
На оваа форумска сесија формирана е и работна група за застапување и следење на Форумските предлози, препораки и проекти, во текот на периодот на нивно имплементирање односно до наредната форумска сесија, која ќе се одржи наредната година, кога градоначалникот и општинската администрација ќе треба да дадат отчет за реализираното.
На крајот од петата форумска сесија, градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов изрази благодарност до Швајцарската агенција за развој и соработка, Единицата за координација на форумите и до сите граѓани на општина Василево кои се вклучија во овој демократски процес и со своето активно учество дадоа придонес во креирањето на програмите и Буџетот на општина Василево за наредната 2016 година.

DSC_0014 - Copy

DSC_0018 - Copy

DSC_0024 - Copy

DSC_0034 - Copy

DSC_0042 - Copy

DSC_0044 - Copy

DSC_0050 - Copy

DSC_0053 - Copy

DSC_0063 - Copy

DSC_0066 - Copy

DSC_0073

DSC_0080

DSC_0082

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail