Општина Василево потпиша два нови договори

1 (13)

Градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов, денес, потпиша два нови договори за реализација на три активности, односно проекти со кои ќе се подобрат условите за живот на граѓаните на општина Василево.
Со компанијата К.И.М. општината потпиша договор за чистење на речните корита во општина Василево. Како што нагласи градоначалникот Стојанов, поради поплавите во изминатиот период и штетите што општината ги има претрпено, во соработка со Министерството за животна средина, обезбедени се 20 000 000 литри нафта кои треба да се потрошат за чистење на речното корито и негова регулација како би се спречиле излевања на реката и катастрофи во наредниот период.
Со градежната компанија Жикол, општина Василево потпиша договор за асфалтирање на улици во две населени места, во Ангелци и во Доброшинци. Жителите на Ангелци ќе добијат улица во должина од околу 200 метри која води до црквата Св. Спас и истата ќе биде изградена од бехатон плочи. Улицата во с. Доброшинци е со должина од околу 210 метри, ширина од околу четири метри и истата ќе биде со асфалт.
Буџетот за овие две улици изнесува околу 2 700 000 денари, и истиот е обезбеден од Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за користење на финансиски средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015 год.

1 (5)

1 (8)

1 (11)

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail