Василево ќе урбанизира земјиште за изградба на фотоволтаични системи

paneli

Општина Василево ќе урбанизира површина од околу 10,5 ха за изградба на фотоволтаични системи – ваква одлука неодамна донесе Советот на општина Василево на предлог на градоначалникот на општината г-дин Ванчо Стојанов.
„Имајќи средба со поголем број бизнисмени односно комапнии кои се заинтресирани да инвестираат на територијата на општина Василево, увидовме, како општина, дека имаме потреба од донесување на урбанистички план за изградба на фотоволтаични системи односно системи за производство на струја. Имаме земјиште кое е од ниска категорија, односно 5-та и 6-та и кое не се користи како земјоделско, и компании кои се заинтересирани да ибжнвестираат во оваа сфера, поради што се одлучивме за донесување на урбанистички план за изградба токму на такви фотоволтаични системи кои се многу рентабилни, рече во образложението градоначалникот Стојанов.

DSC_0036
Се работи за вкупно 5 градежни парцели лоцирани во близината на населеното место Нова Маала, со одлична местоположба и локација која овозможува постојана изложеност на сонцето.
Општина Василево планира изработка и на урбанистички планови во другите населени места, за како што рече градоначалникот Стојанов, проширување на градежните опфати со урбанизација на нови градежни парцели за проектот на Владата односно Министерството за транспорт и врски „Купи куќа за млади“.
Сите овие урбанистички планови треба да се готови до летниот период и истите да им бидат ставени на располагање на заинтертесираните.
Сите овие урбанистички планови ќе бидат финансирани со средства од Буџетот на општина Василево.

DSC_0054

На фотографијата е површината која ќе биде урбанизирана.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail