Отворени денови на Агенцијата за вработување во Василево

DSC_0061

Агенцијата за вработување на Република Македонија со поддршка на локалната самоуправа оствари средба со граѓаните на општина Василево. Директорката на Центарот за вработување во Струмица, г-ѓа Павлина Георгиева во две одвоени средби, по една  со активните баратели на работа и стопанствениците ги образложи владините мерки за намалување на невработеноста.
„Под мотото „Се бориме за секое работно место“, денес имаме отворени денови во општина Василево, на кои ги промовираме активни Програми и мерки и услугите кои ги нуди Агенцијата за вработување и оставаме простор поблизу, секој од нив да ги постави прашањата за кои е заинтересиран“,рече директорката на Струмичкиот центар за вработување, прецизирајќи дека невработените покажуваат најголем интерес за дел од Програмата за самовработување и за обуките за познат работодавач, за компјутерски вештини и за странски јазици. Според податоците од Центарот за Вработување, бројот на активни баратели на работа во општина Василево е 350 лица.
Директорката оствари средба и со работодавачите кои покажаа интерес да се информираат за поволностите кои ги нуди Владата за вработување преку неколкуте стимулативни мерки, а чии бизниси се со седиште во општина Василево.
На средбата присуствуваше и градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов, кој го нагласи придонесот на локалната самоуправа на полето на вработувањето, пред се како што тој рече со „мерките кои општината во рамки на своите надлежности може да ги преземе, а тоа е урбанизацијата и стварањето на индустриските зони во чии капацитети се вработуваат пред се граѓаните на општина Василево“.

DSC_0070

DSC_0062

DSC_0068

DSC_0077

DSC_0038

DSC_0039

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail