Во Василево започна државното првенство во одбојка за основци

DSC_0069

Денес, во Василево, во спортската сала на ООУ„Гоце Делчев“, во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија и Агенцијата за млади и спорт и со поддршка на општина Василево започна државното првенство во одбојка во машка конкуренција за основци. Учествуваат вкупно шест екипи и тоа по една од ООУ „Никола Карев“ од Крушево, ООУ„Елпида Караманди“- Битола, ООУ „ Блаже Конески“ Скопје, ООУ „Лазо Ангеловски“ – Скопје, ООУ„Блаже Конески“ Велес и домаќинот ООУ „Гоце Делчев“ Василево.
Првенството го отворија одбојкарите на Велес и Битола, а домаќинот Василево денес, силите ќе ги измери со одбојкарите од Крушево.
Државното првенство во одбојка за основци во машка категорија ќе трае три дена.
Директорот на Агенцијата за млади и спорт г-дин Марјан Спасески кој присуствуваше на свеченото отварање на ова државно првенство, посакувајќи им на учесниците добредојде во Василево, ја нагласи улогата на АМС во развојот на спортот, а посебно во делот кој се однесува на младите.
„АМС во изминатиот период во кнтиниутет работи на подобрување на условите за спортување на сите граѓани на Р.Македонија, посебно на учениците и во таа насока посебно е силна поддршката на училишниот спорт. Во таа насока се и 500 -те стипендии за талентирани спортисти до 20 години кои се и практичните победници на државните натпревари и се членови на националните спортски репрезентации“, потенцираше Спасески.
Од името на домаќинот присутните ги поздрави директорката на училиштето г-ѓа Емилија Котева која на натпреварувачите им посака фер игра и дружење  и благодарност до општина Василево за поддршката во организацијата.
„ Големо е задоволството да се биде домаќин на едно такво натпреварување. Тоа што ова училиште е домаќин на ова спортско натпреварување не е случајност туку резултат на континиураните вложувања во спортот посебно кај младите и досега постигнатите резултаи во одбојка. Другарувањето и натпреварувањето треба да бидат во прв план и нека победи најдобриот“, им порача градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов на присутните.

DSC_0136

DSC_0071

DSC_0079

DSC_0061

DSC_0087

DSC_0089

DSC_0091

DSC_0093

DSC_0098

DSC_0112

DSC_0122

DSC_0134

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail