Општина Василево со поддршка за ПХВ проектот на Црвен крст

DSC_0145

Волонтери од Црвен крст – Струмица денес го посетија градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов при што побараа и добија подршка за нивниот ПХВ – проект (Промоција на хумани вредности). Средства кои ќе бидат собрани наменети се за реновирање на просторијата во Центарот за трансфузициона медицина. Во рамки на проектот, како што информираа младите волонтерки Симона Миланова и Микица Миова, во знак на утрешниот ден, Меѓународниот ден на жената, 8-ми Март, рачно се изработени цвеќиња кои им се нудат на институциите во замена за доброволни финансиска помош која ќе биде искористена за реализација на споменатиот проект.
Општина Василево, давајќи му поддршка на овој проект, и овој пат како и многу пати досега ја покажа својата хуманост на дело.DSC_0147

DSC_0151

DSC_0146

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail