Советот ја усвои завршната сметка на општина Василево

DSC_0160

„Донесувањето на Завршната сметка на Буџетот на општина Василево беше една од најважните точки на дневнот ред. Можеме да кажеме дека сме задоволни бидејќи реализацијата на вкупниот Буџет на општина Василево за 2015 година е на едно задоволително ниво и изнесува околу 72%. Оваа реализација секако би била поголема доколку не беше ребалансот во септември кој мораше да се случи заради распишување на јавните набавки за инвестициите кои се во тек а од кои најголем дел се однесуваат на изградбата на поројот во населеното место Сушево и на улицата во Сушево“ изјави градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов по завршувањето на денешната 38-ма редовна седница на Советот на општина Василево. На седницата беа усвоени и останатите предлози од дневниот ред: Годишниот извештај на општина Василево за 2015 година, Одлуката за одтуѓување на движни ствари во сопственост на општина Василево, Програмата за реализација на настава во природа за учениците од пето одделение за учебната 2015/2016 година во ООУ „Гоце Делчев“, Василево, Одлука за продолжување на важноста на Програмата бр.03-1491/1 од 18.07.2013 година како и две одлуки кои се однесуваат на проекти со кои општина Василево ќе аплицира за средства  по објавени огласи. Проектот за изградба на мост на Сушевскиот порој ќе биде аплициран на тековниот повик во Бирото за регионален рамномерен развој, а проектот за изградба на улица во Василево од црквата до игралиштето ќе биде аплициран во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој.
По исцрпувањето на дневниот ред седницата беше заклучена, а за утрешниот ден, 15.03.2015 со почеток во 17,00 часот закажана e Вонредна седница на чиј дневен ред меѓу другите ќе бидат и завршните сметки на двете основни општински училишта „Атанас Нивичански“ од Нова Мала и „Гоце Делчев“ – Василево, и завршните сметки на ЈПКД „Турија“ и ЈОУДГ „Прва радост“.

DSC_0180

DSC_0155

DSC_0156

DSC_0158

DSC_0171

DSC_0157

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail