Советот на општина Василево одржа Вонредна седница

DSC_0229

Општина Василево во партнерство со грчката општина Серез ќе аплицира за средства од Интерег ИПА Програмата за прекугранична соработка Грција – Македонија 2014 – 2020, со заеднички проект – ваква одлука денес, донесе Советот на општина Василево на штотуку одржаната Вонредна седница. Проектот со наслов „Водоводна мрежа и интегрирана мрежа управувана преку далечински мерачи со цел мониторинг на квалитетот на водата и истекување на системот за водоснабдување со користење на безжична комуникација во двата погранични региони“ , финансиски е тежок  околу 250 000 евра и според образложението дадено од градоначалникот на  општина Василево г-дин Ванчо Стојанов се однесува на реконструкција на резервоарот и филтер станицата за вода на Ташли Баир од кој со вода се снабдуваат жителите на населените места Василево, Ангелци, Градошорци и Едрениково. Како што информираше градоначалникот со реализацијата на овој проект жителите на сите овие населени места ќе имаат квалитетна вода која ќе се прочистува по пат на озонирање.

Одлуката беше усвоена едногласно од сите советници, а итноста на седницата според образложението дадено на почетокот е поради рокот за аплицирање кој истекува во текот на утрешниот ден.

DSC_0228

DSC_0250

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail