Општината ги санира улиците во с.Градошорци

DSC_0255

Општина Василево денес вршеше санација на улиците во населено место Градошорци. Со денешната активност опфатени беа две улици и тоа  улицата покрај каналот и една од споредните улици на влезот од селото. Според информацијата од градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов кој на лице место го следеше текот на работите, ова е вообичаена активност на локалната самоуправа во делот на одржувањето на локалната патна мрежа која опфаќа рамнење, тампонирање и насипување на локалните улици и патишта и истата е планирана со Програма за изградба, реконструкција, одржување на локални патишта и улици во општина Василево за 2016 година.

Овие активности се одвиваат перманентно во текот на целата година согласно потребите односно во зависност од оштетувањата на улиците и патиштата. Како што информираше градоначалникот утре ваква активност ќе се спроведе во населеното место Василево каде ќе се работи на две улици и тоа улицата покрај каналот и улицата која води кон големото фудбалско игралиште.

За овие активности општината има обезбедено средства од сопствените приходи а изведувач е  фирмата Џови комапани.

DSC_0252

DSC_0254

DSC_0258

DSC_0266

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail