Напредуваат градежните активности во с. Сушево

DSC_0477

„Денес сме во посета на градежните активности во населеното место Сушево каде се работат повеќе проекти паралелно. Она што сакам да го нагласам е дека пред извесно време започнаа и градежните активности за  изградба на улицата покрај поројот во должина од околу 1 200 метри и пешачка бехатонска патека со ширина од 1,3 метри која ќе биде по целата должина на улицата и ќе биде осветлена“ изјави градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов при неговата денешна посета на с. Сушево односно посетата на трасата на која паралелно се работи на изградба на поројот и улицата.

„Она што е битно и што сакам да го потенцирам е дека освен овие два проекти кои во моментот се одвиваат, по завршувањето на парламентарните избори ќе отпочне и постапката за јавна набавка за изградбана мост на речното корито со што целиот овој проект  ќе биде заокружен, нагласи градоначалникот Стојанов кој смета дека со завршувањето на сите започнати и планирани активности не само што ќе се измени ликот на населеното место Сушево туку ќе се реши и повеќедеценискиот проблем што го имаат жителите на Сушево а тоа е поплавувањето на ова населено место при сите поголеми врнежи.

Комплетното завршување на сите тековни и планирани проекти треба да заврши до средината на септември, односно до Мала Богородица, празникот на ова населено место.

Вкупниот буџет за реализација на сите три проекти е околу 600 000 евра и истите се обесбедени од од Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015 год.

За периодот што следува градоначалникот најави и реконструкција на влезната улица во с. Сушево за која во тек е постапката за избор на изведувач за изготвување на техничка документација за реконструкција на целиот пат за Сушево од  магистралниот М-6 до центарот на с.Сушево, за како што рече тој, ова населено место да ги добие сите потребни услови.

DSC_0447

DSC_0449

DSC_0442

DSC_0451

DSC_0474

 

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail