ООУ „Гоце Делчев“ Василево го одбележа патрониот празник

DSC_0401

Со полагање свежо цвеќе пред бистата на патронот и свечена програма подготвена од учениците, денес ООУ„Гоце Делчев“ од Василево го одбележа својот патрон празник.

„Денес сме овде да го прославиме патрониот празник на нашето училиште, денес сме овде во чест на најголемиот херој и визионер Гоце Делчев кој светот го разбираше единствено како поле за културен натпревар меѓу народите. Гоце Делчев е име кое во сите нас буди хероизам, непокор, борбеност и стремеж за следење на неговите визии и големи дела“,  рече директорката на училиштето г-ѓа Емилија Котева, заблагодарувајќи им се наприсутните кои дојдоа на одбележувањето на патронот.

Присутните ги поздрави и градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов, кој меѓу другото им порача да го чуваат споменот за Делчев и да го продолжат неговото дело „Благодарни за она што го сторил за нас Македонците, за аманетот што ни го остави нам и на поколенијата кои ќе дојдат по нас, со чувство на возвишеност и  гордост, денес на Делчев му оддаваме почит чувајќи го споменот за него и продолжувајќи го неговото дело“.

Учениците, на најдобар начин, со богата приредба, со многу рецитали, драматизации и музичко – балетски изведби ги покажаа своите достигнувања, способности и вештини стекнати за време на своето школување.

Одбележувањето беше збогатено и со доделување на благодарници и дипломи на учениците кои на општинските и републичките натпревари добиле награди и со своето учество го афирмирале училиштето.

DSC_0384

DSC_0385

DSC_0388

DSC_0394

DSC_0397

DSC_0402

DSC_0407

DSC_0413

DSC_0421

DSC_0427

DSC_0434

DSC_0437

DSC_0470

DSC_0475

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail