Советот на О.Василево ја одржа 40-та седница

DSC_0663

На денес одржаната редовна 40-та седница на Советот на општина Василево, усвоени беа сите предлози од дневниот ред, меѓу кои и Стратегијата за развој на културата и уметноста во општина Василево за периодот 2016 – 2020 година. Образложение за овој стратешки документ даде експертот Јасмина Мазгалиева, по што советниците едногласно и без дискусии и забелешки ја усвоија.  Благодарност до Здружението за култура и развој на креативни индустрии КУЛТ- ТРАНЗЕН и до сите учесници во изготвувањето на овој стратешки документ изрази градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов, кој како што нагласи овој документ ќе претставува основа при аплицирањето за проекти од областа на културата и уметноста во општина Василево, области на кои во наредниот период ќе им се даде зголемено значење.

Останатите точки од дневниот ред односно  Предлог-одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на општинската администрација на општина Василево, Предлог-процената на загрозеност од ризици и опасности за настанување на кризна состојба на подрачјето на општина Василево како и три предлог-одлуки за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко планска документација заради  проширување на планскиот опфат и вклопување на три бесправно изградени објекти беа донесени едногласно и без дискусии. Советниците беа усогласени и во однос на барањето за финансиска поддршка поднесено од Црковниот одбор во с. Ангелци, како и во однос на Предлог-одлуката за измена на распоредот на средствата на Буџетот на општина Василево за 2016 година. Измената на распоредот на средствата, како што образложи градоначалникот на општината Стојанов е заради исплата на надомест за одземен имот односно надоместок за експропријацијата на приватно земјиште направена заради потребите за изградбата на улица 5 во индустриската зона КО Градошорци.

DSC_0666

DSC_0669

DSC_0673

DSC_0675

DSC_0684

DSC_0696

DSC_0699

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail