Општина Василево усвои Стратегија за развој на културата и уметноста

DSC_0785

Советот на општина Василево на вчерашната редовна 40-та Седница, едногласно ја усвои Стратегијата за развој на културата и уметноста во општина Василево за периодот 2016-2020 година. Овој стратешки документ општина Василево го работеше во партнерство со Здружението за култура и развој на креативни индустрии Култ Транзен од Струмица и истиот е дел од проектот „Развивање и ревитализација на руралните средини преку уметност и култура“ финансиран од Програмата на Цивика Мобилитас, програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), имплементирана од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), НИРАС и СИПУ. Пред советниците Стратегијата ја презентираше експертот Јасмина Мазгалиева.

DSC_0704

Резултатите од неколкумесечната работа на тимот вклучен во изготвувањето на овој стратешки документ на површина исфрлија три приоритетни области на дејствување, кои ќе придонесат за подобрување на оваа сфера: подобрување на постоечките и градење на нови инфраструктурни објеки и нивно ставање во функција на развој на културниот и руралниот туризам; развој на рурален туризам преку градење на сместувачки капацитети, градење и подобрување на патната мрежа, градење на единствена туристичка понуда, јакнење на капацитетите на локалнмото население за значењето на културниот и руралниот туризам како и креирање на бренд идентитет на општината со цел да се подобри видливоста на општината на локално, регионално и меѓубародно ниво. Третата област е наоѓањето финансиски средства за реализација на активности и проекти од областа на културата и уметноста.

Составен дел на Стратегијата е и акцискиот план со поставени приоритетни области и конкретни активности за наредните четири години.

Благодарност до Здружението за култура и развој на креативни индустрии Култ-Транзен од  Струмица, на општинската администрација за целокупниот ангажман во изработката  и до програмата Цивика Мобилитас, програма на Швајцарската агенција за развој и соработка, упати градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов.

DSC_0706

„ Општина Василево во последните неколку години работи на подобрување на квалитетот на животот на своите сограѓани. Покрај многуте културни и спортски настани кои ги организираше општина Василево, недостасуваше еден пишан документ т.е  стратегија за развој на културата и уметноста за и преку овој сектор да ги подобруваме условите за живот и задоволиме културните потреби на граѓаните коишто живеат во општина Василево.  Овој стартешки документ ќе ни помогне во постигнување на целите односно збогатување на културно живеење на нашите сограѓани“.

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail