Започнува турнирот во мал фудбал во с. Ангелци

т1

Вечерва, со почеток во 20,00 часот,  во с. Ангелци ќе започне ноќниот турнир во мал фудбал „Спасовден“  2016 година, што во организација на општина Василево а по повод Христијанскиот празник Спасовден се одржува втора година по ред. Натпреварите ќе се играат на повеќенаменското игралиште во с. Ангелци.

За учество во турнирот пријавени се вкупно 17 екипи, распоредени во четири групи, кои во наредните петнаесетина денови ќе се натпреваруваат за титулата најдобри и освојување на победничкиот пехар.

Составот на групите е следен:

А-група: Владе Банско, Рипром Ангелци, ФК Бунарџик и Зоки Радовиш;

Б-група: Ван Ком Бориево, Добрашинци, ФК Василево и Лали Алу Василево;

В-група: Доне Банско, Дело Транс, Берлик Струмица и Александар пицерија и

Г-група: Џајо Струмица, Шонтеви, Добрејци Таки, Иловица и Златно зрно.

Синоќешното ждребање одреди екипите на Владе Банско  и  Рипром да го отворат турнирот. Во првата натпреварувачка вечер ќе се сретнат и екипите на:  Зоки Радовиш и Владе Банско со почеток во 21,00 часот и во 22,00 часот Дело Транс – Пицерија Александро.

Вкупниот награден фонд на турнирот е 75 000 денари.

Ќе бидат доделени награди за прво, второ, трето и четврто место екипно како и за најдобар голман, стрелец и играч.

Финалните натпревари ќе се одиграат  во среда, 08.06.2016 година, ноќта спроти Христијанскиот празникот Спасовден, селската слава на жителите од с. Ангелци.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail