Општина Василево ќе прска против комарци

prskanje

Се известуваат граѓаните на општина Василево, дека во сабота (11.06.2016 год.), во периодот од 04,30 до 09,30 часот, ќе се врши авионско прскање против комарци. Доколку временските услови се неповолни, прскањето ќе се изврши наредното утро на 12.06.2016  година во истиот период  (од 04,30 до 09,30 часот).

Со прскањето ќе бидат третини површините по течението на р.Струмица од влезот во општина Василево кај с. Дукатино до излезот од општината кај с. Пиперево и по текот на р. Турија на потегот од с. Добрашинци до излезот од општината кај с. Гечерлија.

Се предупредуваат сопствениците на пчелни семејства (пчеларите) да преземат соодветни мерки за заштита односно затварање на кошниците со пчели за време на прскањето и во период од 3-4 часа по прскањето заради можноста од влијание на средствто со кое се врши прскањето врз безбедноста на пчелните семејства.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail