Започнува Street Basket – Владевци 2016

Street basket

Вечерва, во с. Владиевци, општина Василево, со почеток во 20,00 часот, започнува четвртиот по ред турнир во улична кошарка Street Basket –  Владевци 2016. Натпреварувачкиот дел од турнирот ќе го отворат струмичките екипи Книжарница 5+ и Нипром.

Следуват уште три натпревари и тоа: Авто парк Ване – Мебел Белакоција со почеток во 21,00 часот, Универзал градба – МТ промет Џордан со почеток во 21,30 часот и последниот натпревар за вечерва Книжарница 5+ – Владевци со почеток во 22,00 часот.

Учество во турнирот имаат пријавено вкупно 8 екипи, а наградниот фонд изнесува 60 000 денари.

Годинава за прв пат ќе има и натпревар во реализација на тројки, што ќе се одржи пред големото финале. Најдобриот „тројкаш“ ќе добие награда од 1 500 денари.

Финаето ќе се одигра во недела на 27.08 2016 година, ноќта спроти верскиот празник Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица, празник кој е воедно и селска слава во ова населено место.

Турнирот се одржува под покровителство на општина Василево.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail