Училиштата подготвени за стартот на учебната година

G-horz

Двете основни општински училишта „Гоце Делчев“  и „Атанас Нивичански“ во чии состав се и десет подрачни училишта низ населените места на општина Василево,  подготвени се за стартот на учебната година, информираа директорките на училиштата г-ѓа Емилија Котева и г-ѓа Соња Ничева. Училиштата во состав на ООУ „Гоце Делчев“ се варосани а во моментот се подготвуваат распоредите за настава како и приредбата за првиот училишен ден и приемот на првачињата, изјави директорката Емилија Котева, која патем информираше дека од оваа учебна година училишниот инвентар е збогатен со електронска табла која ќе се користи за кабинетска настава по повеќе предмети. Електронската табла е донација од Министерството за образование и наука на Р.Македонија.

Подготвени за стартот на учебната година се и училиштата кои се во состав на ООУ„Атанас Нивичански“ од Нова Маала. Директорката Соња Ничева информираше дека сите активности неопходни за успешен старт на учебната година планирани за во летниот период се завршени. Она што ќе го одбележи први септември за ова општинско училиште е тоа што учениците од Висока Маала учебната година ќе ја започнат во нова училишна зграда.  Деновиве, како што потврди и градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов во оваа училишна зграда се привршуваат последните активности,  како се би било подготвено за успешен старт на 1-ви септември.

G.Delcev

DSC_0853

DSC_0847

DSC_0848

DSC_0849

4-horz

5-horz

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail