ЈПКД „Турија“ од Василево се поднови со камион за смет

dsc_1420

ЈПКД „Турија“ од Василево, за потребите на своето работење, набави камион за собирање на смет.

„Причината за набавката на овој камион за собирање смет од домаќинствата е од два аспекти: првиот аспект е дека нашето комунално претпријатие успешно функционира и е во можност да набави механизација за своето тековно работење, а вториот аспект е потребата на граѓаните,  искажана на средби со нив сметот да се собира од сите домаќинства на територијата на општина Василево.“, изјави градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов при денешната негова посета на ЈПКД „Турија“.

Новиот камионот е со капацитет од 12 м3 , и е речиси двојно поголем од оној со кој досега се работеше во ова претпријатие.

Заради ограничените ресурси, односно имањето само на еден камион и еден трактор, комуналното претпријатие не е во можност да им понуди договор за оваа услуга на сите домаќинства од општина Василево. Со набавката на новиот камион оваа состојба ќе се подобри и ЈПКД „Турија“ ќе може на поголем број домаќинства да им го подига сметот.

„Наша интенција е да опслужуваме поголем број на граѓани, а со набавката на овој камион се надевам дека ќе успееме во намерите, – нагласи градоначалникот Стојанов.

Средствата за набавка на овој камион изнесуваат околу 20 000 евра и истите се обезбедени од сопствените приходи на ова претпријатие.

 dsc_1426

dsc_1430

dsc_1445

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail