Советниците од СДСМ и НСДП ја напуштија седницата

dsc_1508

Синоќа, Советот на општина Василево не ја усвои Предлог-одлуката за долгорочно домашно задолжување на општина Вaсилево во рамки на Проектот за подобрување на општинските услуги (MSIP). Советниците на СДСМ и НСДП не го поддржаа предлогот. По образложението дадено од градоначалникот на општина Василево  г-дин Ванчо Стојанов и дискусијата во врска со предлогот, советниците од   СДСМ и НСДП ја напуштија седницата.

Предлог-одлуката се однесува на долгорочно домашно задолжување на општина Василево  кое ќе се оствари преку потпишување на Договор за под-заем со Министерството за финансии, во рамки на средствата обезбедени со Проектот за подобрување на општинските услуги финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка во висина од 10 000 000 денари а со цел финансирање на капитален инвестиционен проект „Изградба на локална улица во с. Нова Маала и реконструкција на улица во с. Пиперево“. Според Предлогот, рокот на отплата на заемот е 5,5 години со грејс период од 1 година.

dsc_1482

dsc_1508

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail