Асфалтирана улицата што води кон фудбалското игралиште во Василево

dsc_0403

Денес, локалната самоуправа од Василево заврши со реализација на уште една активност;  во с. Василево асфалтирана е улицата што од црквата води кон фудбалското игралиште.

На асфалтирањето присуствуваше и градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов, кој меѓу другото рече дека со асфалтирањето на оваа улица општината привршува со реализација на се она што било планирано со Програмата за изградба на патишта и улици во општина Василево, донесена од сите советници на Советот. Улицата истовремено претставува и улица за пристап кон земјоделското земјиште, поради што дел од средствата во висина од 1 000 000 денари се обезбедени преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој  од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2016 година.

Вкупниот буџет за реализација на улицата изнесува околу 2 200 000 денари од кои 1 200 000 денари општината ги обезбеди од сопствените приходи.

Улицата е со должина од околу 370 метри и ширина од 4 метри.

Изведувач на работите е градежната компанија „Жикол“ од Струмица.

dsc_0406

dsc_0411

dsc_0414

dsc_0419

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail