Новогодишна честитка од градоначалникот на општина Василево

dsc_0094

Градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов упати новогодишна честитка до своите сограѓани, посакувајќи им многу здравје, успех, љубов и благосостојба  во Новата 2017 година.

Почитувани сограѓани!

„Изминува уште една година во која се соочивме со многу предизвици, искушенија, радости. Изминува година, која секој по нешто ќе ја памети, некој по добро некој по лошо. 365 дена останаа зад нас кои треба да ни бидат поука и водилка како понатаму, независно кои сме и какви сме.

Во предвечерието на Новата година би сакал сите заеднички доброто да го оплемениме, лошото да го заборавиме, бидејќи ние сме една општина како едно семејство кое меѓусебно знае и умее како да ги надмине сите предизвици што ги носи животот. 2016 ја испраќаме во минатото, но секогаш да се сеќаваме на неа како година дека сме можеле многу повеќе

Влегувањето во Новата година претставува желба за нов почеток и нова енергија, нова надеж, нови успеси, но и нови предизвици кои ќе треба да се надминат. Во тој дух сакам и да истакнам дека Општина Василево, водејќи се од потребите на граѓаните беше  и останува партнер на секого во надежта за подобро утре.

Би сакал да нагласам дека општина Василево постои за Вас, вашите потреби, барања, идеи, сугестии.  Така го трасиравме патот досега, се надевам и во иднина. Престојните празници  нека не сплоти сите заедно да ја зацврстиме нашата соработка, да ја зајакнеме нашата меѓусебна довераба и да вложиме колку што може повеќе, во 2017, Општина Василево да направи уште еден чекор кон подобар и подостоинствен живот.

Токму ова да ни биде предизвикот и во Новата година, Општина Василево да биде современа, модерана, економски развиена и одлично место за креирање на нови идеи политики за подобар живот.

Ова се празнични моменти исполнети со најдобри желби за здравје, спокој, оптимизам и разбирање. Моменти кога празничната атмосфера не прави поблиски до нашите семејстава, пријатели и соработници.

Но никогаш да не заборавиме дека и општина Василево е дел од нашите семејства, пријатели соработници.

Од мое име и од името на општина Василево од се срце Ви посакувам среќни празници и 2017- та да Ви биде далеку поуспешна и исполнета со многу љубов здравје и благостостојба“.

dsc_0094

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail