Влечење трупци со коњи

DSCN9779

На 19.01.2017 година, во организација на Панче Наков од Василево и под покровителство на локалната самоуправа, по седми пат ќе се одржи натпревар во влечење на трупци со коњи.

Коњите ќе се натпреваруваат во влечење на дрвен трупец со тежина од околу 500 килограми, во времетраење од 3 минути.  Победник е коњот кој за определеното време ќе помине најдолго растојание влечејќи го трупецот.

За најдобрите обезбедени се награди.

Натпреварот ќе се одржи кај фудбалското игралиште „Цар Самоил“ во Василево со  почеток во 11,00 часот.

Пријавувањето е во тек и истото ќе трае до почетокот на натпреварот. Заинтертесираните може да се пријават кај организаторот на телефонскиот број 070/507-188.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail