Одржана 51-та Седница на Советот на општина Василево

DSC_0282

Одлуката за комунален ред и мерките за нејзино спроведување беше една од точките на дневен ред на денешната 51-ва седница на Советот на општина Василево која беше едногласно донесена. Со истото мнозинство и без забелешки и дискусии беа усвоени и  Извештајот за реализација на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во општина Василево за 2016 година, Предлог-програмата за измена и доплнување на Програмата за уредување на просторот на градежното земјиште во руралните подрачја на општина Василево за 2017 година, и барањето за финансиски средства поднесено од ЛД „Фазан“, Василево, на кои Советот им одобри 35 000 денари за организирање на традиционалната ловечка вечер. Советниците од советничката група на СДСМ и НСДП гласаа воздржано по Предлог-одлука за изменување и дополнување на Буџетот на општина Василево за 2017 година и Предлог-одлука за изменување и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на општина Василево за 2017 год. На оваа седница со мнозинство од девет гласови „за“ и 4 „против“ Советот ја усвои и Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови за 2017 година. Станува збор за изработка на ЛУПД за дел од КП бр. 1732 и дел од КП бр. 1733 КО Добрашинци, и дел од КП бр. 1569/1 КО нова Маала и за изработка на ЛУПД за КП бр. 1015/1 КО Доброшинци, вон градежен опфат. Средствата за овие активности немаат финансиски импликации врз буџетот на општина Василево бидејќи истите ќе се обезбедат од физички лица.

DSC_0266

DSC_0268

DSC_0272

DSC_0277

DSC_0278

DSC_0281

DSC_0285

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail