Претставници од МЦМС и Сокотаб во посета на училиштето во Василево

DSC_0311

Со донација од Сокотаб и во партнерство со МЦМС, општина Василево го реконструираше санитарниот јазол во ООУ „Гоце Делчев“ во Василево. По тој повод, денес, главниот менаџер на Сокотаб Битола, г-дин Џовано Бети и г-дин Димче Митрески од МЦМС беа во посета на училиштето за на лице место да ги видат резултатите од заеднички реализираниот проект.

„Иако започнавме во подоцнежна фаза од годината, во рок од еден месец целосно беше реновиран овој санитарен јазол.  Вкупната вредност на донацијата изнесуваше 1 070 000 денари. Она што сакам да го споменам е кога споредивме како изгледа денес и како изгледаше санитарниот јазол порано, можам да кажам дека овие средства беа употребени на право место. Со полна посветеност на нашите партнери, донатори успешно го комплетиравме овој проект“, изјави г-дин Димче Митрески од МЦМС.

Задоволство од соработката и крајниот резултат изрази и претставникот од донаторот, главниот менаџер во Сокотаб, г-дин Џовано Беги.

„Чувството е многу добро, прво бидејќи е убаво да се биде во области кои не доближуваат блиску до нашите тутунопроизводители и сме во можност да помогнеме во училишта каде што има вакви потреби. Среќни сме дека резултатите се извонредни, изјави г-дин Бети, нагласувајќи ја посебно добрата соработка со градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов..

Благодарност за донацијата од Сокотаб и соработката со МЦМС, изрази градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов, за како што рече решавањето на еден децениски проблем. „Општина Василево, традиционално, долги години има соработка со Македонскиот центар за меѓународна соработка и Сокотаб. Денес морам да изразам голема благодарност и до Сокотаб и до МЦМС за ангажираноста и средствата кои беа доделени, бидејќи денес решивме еден децениски проблем. Се надевам дека ваквата соработка ќе продолжи и во иднина и дека ќе имаме реализација на уште проекти кои ќе бидат во полза на образованието на територијата на општина Василево“.

Во изминатиот период општина Василево во соработка со МЦМС и донација од Сокотаб има реализирано повеќе проекти кои се во функција на подобрување на условите во кои се одвива образовниот процес.

DSC_0313

DSC_0315

DSC_0317

DSC_0320

DSC_0322

DSC_0325

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail