Во Василево се одржа редовна крводарителска акција

DSC_0458

Денес во Василево, во просториите на Домот на културата успешно беше спроведена акција на доброволно дарување на крв. Претставниците на организаторите, Црвениот крст, Заводот за трансфузиона медицина и општина Василево како координатор на акцијата се задоволни од одзивот  на граѓаните, кои и денес, како и во сите изминати акции,  со чинот на доброволно дарување крв ја покажаа својата хуманост.

„Општина Василево е препознатлива по организирањето крводарителски акции“ изјави координаторот на денешната акција, Александар Ристов и самиот неколкукратен дарител, воедно упатувајќи апел до сите граѓани на општина Василево да се вклучат во акциите кои редовно, на три месеци се организираат во Василево.

„ Упатам апел до сите кои се можност да даваат крв, кои се во добра здравствена состојба, да дадат крв бидејќи со оваа скапоцена течност можеме да спасиме нечиј живот“, рече координаторот Ристов.

Апел до своите сограѓани да се вклучат во крводарителските акции упати и крводарителот Бобо Величковки, кој рече дека крв дава 13 пати и дека после секое дарување се чувствува подобро. „Кога ќе ја дадам крвта чувствувам  дека сум помогнал на некој од луѓето а и мене некако многу ми е полесно бидејќи сметам дека така ја прочистувам и својата крв. Затоа им препорачувам на сите  мои сограѓани, посебно на младите, да се вклучаат во овие акции и да даруваат крв“, изјави крводарителот Боби Величковски.

Во денешната акција собрани се над 20 крвни единици. Покрај повеќекратните дарители и денес имаше млади кои по прв пат се вклучија во акцијата и со тоа станаа дел од големото семејство на хумани граѓани – крводарители.

DSC_0439

DSC_0440

DSC_0441

DSC_0450

DSC_0462

DSC_0467

DSC_0472

DSC_0477

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail