Пролетно уредување на јавни површини во општина Василево

DSC_0185

Во општина Василево во тек се активности на уредување на јавните површини низ населените места. Јавното претпријатие  за комунални дејности „Турија“ во чии надлежности се овие активности деновиве започна со косење на тревата во парковите и нивно наводнување како и со уредување на гробиштата низ населените места.

Според информацијата од директорот на ова претпријатие г-дин Леонардо Николов, денес се работело на паркот кој е на влезот во с. Василево  каде е искосена тревата и истиот е наводнет , а искосени се и гробиштата во с. Градошорци. Во текот на претходната недела биле уредени и гробиштата во населените места Пиперево и Ангелци.  Николов информираше дека до верскиот празник Велигден, планирано е  гробиштата во сите населени места да бидат уредени.

Исто така според информацијата од директорот, пролетно уредување ќе има во меморијалниот парк „Методи Митев“ во с. Василево и паркот во с. Градошорци, по што ќе следува уредување и на останатите јавни површини односно површините покрај улиците во населените места. Сите овие активности како што информираше Николов се планирани со Програмата за одржување на јавни површини на ЈПКД „Турија“ за 2017 година.

DSC_0182 - Copy

DSC_0184 - Copy

DSC_0198 - Copy

DSC_0212

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail