Заврши петиот Новогодишно-Божиќниот турнир во Василево

finalisti

 Екипата на „Амор Гарден“ од Струмица, синоќа, во преполната сала на ООУ„Гоце Делчев“, Василево, совладувајќи ја екипата на „Зиго Шпед“ од Радовиш со резултат од 5:4 го освои победничкиот пехар на петиот „Новогодишно-Божиќниот турнир во мал фудбал – Василево 2014/2015“. Третото место во сениорска конкуренција го освои на екипата на „Владе Банско“, кои во малото финале ја совладаа екипата на „Агро Тим“ од Пиперево. 

pehar za najdobrite

За најдобар играч на турнирот е прогласен Бојан Иванов од екипата на „Зиго Шпед“, титулата за најдобар стрелец ја освои Пепи Најдов од „Владе Банско“, а за најдобар голман е прогласен Илчо Удовалиев од „Амор Гарден“. Екипата на „Чипа Лозана“ ја понесе титулата „фер плеј“ екипа на турнирот.

pobednici
Во кадетска конкуренција победник е екипата на „Тинејџер“ од Струмица, која во борбата за првото место ја совлада екипата на „Кланица Шонтеви“ од Ангелци, а третото место им припадна на „Книжарница Сони“ од Радовиш. За најдобар играч во оваа конкуренција прогласен е Наум Блажевски, а за најдобар стрелец, Ѓорги Јовев и двајцата од екипата на „Тинејџер“. Титулата најдобар голман кај кадетите ја понесе Леон Фенов од „Книжарница Сони.

publika
Градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов, под чие покровителство се одржува турнирот, во изјавата за медиумите нагласи дека со овој и останатите турнири кои се одржуваат во речиси сите населени места на општина Василево, полека но сигурно општина Василево прераснува во спортска општина, додавајќи дека општина Василево и понатаму продолжува со поддршка на спортот со надеж дека еден ден од овде ќе израснат спортски легенди кои ќе ја претставуваат општина Василево па и република Македонија.
Вкупниот награден фонд на годинешниот Новогодишно-Божиќен турнир беше 200 000 денари, истиот беше во организација на ФК Василево и под покровителство на општина Василево.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail