Потпишан договор за проект од областа на водоснабдувањето

3

Општина Василево обезбеди средства за изработка на техничка документација за доводен цевковод за водоводен систем за село Требичино и Дукатино. Вчера, градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов го потпиша договорот согласно кој  од  Бирото за регионален развој на општина Василево и се доделени средства во износ од 720 000 денари за реализација на проектот „Подготовка на техничка документација за доводен цевковод за водоводен систем за село Требичино и Дукатино.

Средствата се обезбедени од Програмата за рамномерен регионален развој за 2017 година во рамки на јавниот повик за прибирање на предлог-проекти за развој на подрачја со специфични развојни потреби и за развој на селата за 2017 година

Во реализацијата на овој проект со сопствени средства ќе учествува и општина Василево.

„ Со реализацијата на овој проект се ствараат услови за замена на постојната, дотраена, со нова водоснабдителна мрежа која ќе има капацитет за прифаќање на целокупната вода од изворот од кој  со вода се снабдуваат двете населени места Требичино и Дукатино. Со тоа целосно ќе се задоволат потребите  од квалитетна вода за пиење на граѓаните од овие две населени места“, е ставот на градоначлникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов во врска со потпишувањето на одоговорот и обезбедувањето средства за изработка на техничка документација како прв чекор кон реализацијата на овој проект.

Она што следува е објава за јавна набавка и избор на фирма која ќе ја изработи техничката документација.

4

 3

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail