Директорот на АМС се сретна со стопанствениците од општина Василево

DSC_0033

Денес директорот на Агенцијата за млади и спорт г-дин Марјан Спасески, во кабинетот на градоначалникот на општина Василево,  оствари средба со бизнисмените од општината на која ги запозна со Измените и дополнувањата во Законот за спорт и Законот за данок на добивка со кои и се дава можност на секоја компанија да финансира во спортот а за тоа да  добие ослободување од данокот на добивка.

„ Денес во општина Василево имав можност со стопанствениците да ги продискутираме новите мерки во делот на измените на Законот за спортот и Законот за данок на добивка со кои се овозможува на компаниите кои ќе вложат во спортот да имаат соодветно даночно олеснување. Имаше навистина голем интерес за вложување во локалните спортски клубови пред се од оние компании кои се дел од индустриската зона во Василево. Јас сум оптимист дека локалниот и регионалниот спорт во овој дел од Република Македонија ќе заживее. Станува збор за ново даночно решение кое е многу достапно и  значи голем бенефит за сите приватни компании кои ќе сакаат да вложат во спортот во делот на поддршка како на индивидуалните спортисти така и на спортските клубови. За сите оние приватни компании кои сакаат да вложат во МОК, во спортските федерации има големи даночни ослободувања од данокот на добивка“, изјави директорот на АМС г-дин Марјан Спасески, по средбата со стопанственицете.

Директорт Спасески изрази големо задоволство од залагањата на градоначалникот на општина Василево за развојот на спортот и спортската инфраструктура во општина Василево, кој преку вложувања на средства од општинскиот буџет во спортската  инфраструктура ја продолжува тенденцијата на АМС и централната власт за   подигнување на локалниот спорт на повисоко ниво.

DSC_0037 DSC_0036 DSC_0039 DSC_0041 DSC_0045

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail