ООУ„Гоце Делчев“ го одбележа Светскиот ден на детската игра

DSC_0069

По повод 29-ти април, Светскиот ден на детската игра, денес во дворот на ООУ „Гоце Делчев“ Василево, учениците заедно со своите наставници поминаа неколку часови играјќи ги веќе подзаборавените детски игри – оние кои децата секојдневно и со часови ги играа до пред десетина години односно до времето кога беа заменети со виртуелните. Децата уживаа играјќи ги игрите „плочка“ скокање ластик, стапало, скокање со јаже, конец, брканица, најди си другарчето  и сите други веќе подзаборавени игри кои подразбираат физичка активност на отворено.

На учениците им се придружија и дечињата од детската градинка „Прва радост“, кои заедно со своите воспитувачки и негувателки уживаа во убавото пролетно време. Таму како што изјави директорката на оваа установа г-ѓа Даниела Трајковска биле на покана на ООУ„Гоце Делчев“.

„ Овде сме по покана на училиштето „Гоце Делчев“, за да го одбележиме Светскиот ден на детската игра. Сите ние знаеме дека без игра детството не постои. Играта е рамка во која децата на најадекватен начин се учат на соработка и развој. Детската игра е од важно значење за воспитувањето и интелектуалниот развој на секое дете. Нашата мисија беше да кажеме стоп на виртуелните игри бидејќи тие допринусуваат за развој на себични и несоцијализирани деца“,    изјави директорката на детската градинка „Прва радост“ Василево, г-ѓа Даниела Трајковска.

„Нашето училиште денес, по повод 29-ти април, Светскиот ден на детската игра реализираше активности во школскиот двор. Сакавме малку да ги заживееме игрите што ги играле нашите родители и ние бидејќи денес, во ерата на компјутери и интернет се случува тие игри да бидат запоставени. Нивното заживување и почесто практикување е битно за учениците пред се за нивниот психофизички развој“, изјави директорката на ООУ„Гоце Делчев“, Василево г-ѓа Емилија Котева, која преку реализација на оваа активност се обидува да ја врати вистинската игра во детскиот свет барем за време на училишните одмори.

DSC_0036

DSC_0041

DSC_0060

DSC_0062

DSC_0063

DSC_0045

DSC_0051

DSC_0056

DSC_0074

DSC_0065

DSC_0077

DSC_0082

DSC_0086

DSC_0089

DSC_0110

DSC_0113

DSC_0115

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail