ООУ„Атанас Нивичански“ го одбележа патрониот празник

DSC_0095

Со полагање свежо цвеќе пред бистата на патронот и  културноуметничка програма подготвена од учениците, денес ООУ „Атанас Нивичански“ од Нова Маала го одбележа својот патрон празник.

За ликот и делото на патронот, војводата Атанас Нивичански, зборуваше директорката на училиштето, г-ѓа Соња Ничева. Присутните ги поздрави  и градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов, кој покрај честитките за денешниот ден, од име на локалната самоуправа вети континуирана поддршка на сите училишни проекти  со цел подобрување на условите во кои се одвива наставно-образовниот процес.

По културно-уметничката програма најдобрите ученици од училиштето добија пофалници и благодарници за постигнатите резултати во текот на оваа учебна година.

DSC_0094

DSC_0096

DSC_0098

DSC_0099

DSC_0101

DSC_0112

DSC_0114

DSC_0116

DSC_0119

DSC_0123

DSC_0125

DSC_0129

DSC_0135

DSC_0137

DSC_0139

DSC_0152

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail