Во недела планинарски марш „По патеките на Мис Стон“

DSCN9522

Во недела, 28.05 2017 година, во организација на ПАЕК „Маратон“ од Струмица и под покровителство на општина Василево ќе се одржи традиционалниот планинарски марш „По патеките на Мис Стон“.  Организаторите и покровителот упатуваат покана за учество до заинтересираните граѓани.

Согласно Програмата на организаторот  поаѓањето од Струмица е во 07.00 часот  од пред ТЦ „Глобал“ со обезбеден превоз.

Во 07,30 часот  учесниците се собираат пред брана Турија, од каде во 07,45 ч. се тргнува кон с. Нивичино. Маршрутата на движење е следна: брана Турија – Јурукова колиба – Павлова ливада – Железен дол. Патеката е средно тешка и е погодна за планинари на возраст од 7 до 77 години. Пристигањето во с. Нивичино е планирано за околу 12,00 часот каде за сите учесници е обезбеден заеднички ручек. Секој учесник задолжително треба да си понесе прибор за јадење и вода за пиење.

Враќањето кон брана Турија е планирано за 14,30 часот.

Заради успешна организација на маршот, заинтересираните учесници своето присуство треба да го најават кај организаторот,   на телефонскиот број 071 253 203, најдоцна до 25.05. 2017 година.

 DSCN3456

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail