Ученици од ООУ „Гоце Делчев“ Василево наградени на државен натпревар

DSC_0303

Осмоодделенецот Добре Митев од ООУ „Гоце Делчев, Василево го освои третото место на Државниот натпревар по биологија, што во организација на Македонското биолошко друштво се одржа на 20 мај годинава. Според информацијата од неговиот ментор, професорот Томе Китановски, на натпреварот учествувале 110 ученици од училишта од целата држава. Коментирајќи го успехот на Добре, менторот Китановски  го цитира Конфучие: „Во сите нешта успехот зависи од претходната подготовка“, притоа потенцирајќи дека претходно Добре Митев има освоено првото место на општинскиот и прво место на регионалниот натпревар по биологија одржани на 04 март и 08 април годинава.

dobre-horz

Ученичката Павлинка Василева од V одд. под менторство на професорката Катерина Филева Петревска, доби пофалница на државниот натпревар по природни науки. Дипломи за учество на општински, регионален и државен натпревар добија и учениците и менторите.

Натпреварот се одржа на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail