Се одржа планинарскиот марш „По патеките на Мис Стон“

5

Годинава,  по шести пат се одржа традиционалниот планинарски марш „По патеките на Мис Стон“ што го организира ПАЕК „Маратон“ од Струмица под покровителство на општина Василево.

Стотина планинари и ентузијасти вчераутро во 7.45 минути тргнаа кон село Нивичино од браната Турија преку Јурукова колиба, Павлова ливада до Железен дол.

„Патеката е средно тешка и е погодна за планинари на возраст од 7 до 77 години. По пристигањето во Нивичино за сите учесници имаме обезбеден заеднички ручек. Оваа тура ја организиравме како потсетник на овој историски настан, кога во 1902 година американската мисионерка се движела кон своето ослободување. Тоа е патеката од село Нивичино, каде што била чувана како заробеник до селото Градашорци каде што Мис Стон била ослободена со разменување“, вели Ѓорги Крмзов, претседател на ПАЕК „Маратон“.

Должината на целата патека изнесува 12 километри.

2

4

1

3

5

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail