Општина Василево асфалтираше улица во с. Ангелци

DSC_0019

Од денес инфраструктурата на населеното место Ангелци е збогатена со уште една асфалтирана улица чија должина изнесува 220  а ширината 4 метри. Средствата во висина од околу 1 150 000 ден. се обезбедени од општинскиот Буџет.

На терен беше градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов, кој информираше  дека сите активности планирани со Програмата за изградба, реконструкција и одржување на локални патишта и улици се одвиваат според планираната диманика така што неговите очекувања се општина Василево успешно да ја заврши и оваа градежна сезона.

„Денес привршуваме со реализација на уште една улица во с. Ангелци. Се работи за улица во должина од 220 метри и ширина од 4 метри. Средствата за асфалтирање на оваа улица се обезбедени од Буџетот на општина Василево, а изведувач на градежните работи е градежната фирма „Жикол“. Сметам дека со темпото кое го имавме во изминатиот период, почнувајќи од распишувањето на јавните набавки, ќе продолжиме и во наредниот период, и ќе ја реализираме  целата Програма донесена од Советот на општина Василево.

Во последните четири години, како што информираше Стојанов, во општина Василево се асфалтирани над 40 км локална патна мрежа односно локални улици и патишта кои ги поврзуваат  населените места, што е доволен показател за посветеноста со која општината работи на подобрување на патната инфраструктура.

Стојанов исто така изрази надеж дека во текот на оваа недела комплетно ќе биде  завршена постапката за јавна набавка за улицата Чанаклија – Нова Маала, односно дека оваа градежна сезона целосно ќе биде реализирано она што им е ветено на граѓаните на општина Василево.

DSC_0003

DSC_0004

DSC_0007

DSC_0010

DSC_0016

DSC_0022

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail