Континуитет во транспарентното работење на општина Василево

O.Vasilevo

Според истражувањето спроведено од Центарот за граѓански комуникации во однос на транспарентното работење односно активната транспарентност, општина Василево со 77,6%  е на второ место во Југоисточниот плански регион, и на четврто во однос на вкупното рангирање на ниво на државата во  кое освен општините опфатени се и министерствата.

Споредено со резултатите од претходната година, кога општина Василево имаше 74,6%, годинешните резултати значат континуитет во позитивна смисла односно зголемување на транспарентноста. Она што е особено важно за ова истражување и за резултатите односно рангирањето  е фактот што со истражувањето се опфатени официјалните интернет страници на институциите каде тие доброволно и самоиницијативно објавуваат информации  од разни сфери на своето работење кои се битни за граѓаните.  Пред се овде се мисли на информациите кои произлегуваат од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и информациите кои произлегуваат од законите кои се однесуваат на трошењето јавни пари.

Овие резултати се потврда за транспарентното работење на општина Василево и мотив повеќе воспоставената пракса, битните информации редовно да се поставуваат на официјалната веб страна на општината, www.opstinavasilevo.gov.mk, со зголемен интензитет и подобрен квалитет,  да продолжи и во иднина.

DSC_0061

DSC_0064

DSC_0063

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail