Одржана 55-та седница на Советот на општина Василево

DSC_0071

Советот на општина Василево ја одржа 55-та редовна седница на чиј дневен ред беа предлог-одлуки за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за проширување на плански опфат и вклопување на бесправно изградени објекти на неколку различни КП броеви во повеќе населени места.  Конкретно се работеше за објекти на: КП бр. 981 во КО Добрашинци,  КП бр. 396 во КО Василево, КП бр. 151 во КО Василево, КП бр. 459 во КО  Градошорци, КП бр. 109 КО Градошорци и КП 432 во КО Градошорци. Сите предлог –одлуки беа едногласно усвоени.

Дневниот ред беше дополнет со Барање за финансиска помош од физичко лице заради  учество во  натпревар  на Меѓународна олимпијада по хемија во Банког, Тајланд. Во врска со ова барање Советот се произнесе негативно.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail