Интензивна изградба на улиците во Пиперево и Нова Маала

DSC_0195

Реконструкција на локална улица во населеното место Пиперево и изградба на нова улица во населеното место Нова Маала се дел од тековните градежни активности кои се одвиваат на територијата на општина Василево. Денес увид на лице место направи градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов кој е задоволен од текот и динамиката со која се одвиваат градежните работи.

Во Пиперево се реконструира улицата која од центарот на селото води кон  црквата. Истата е со должина од околу 250 метри и ширина од   6 метри. Улицата е со атмосферска и фекална канализација која веќе е поставена. Она што ќе следува во наредниот период е поставување на ивичњаци, на подземна електрична инсталација за потребите на уличното осветлување, изградба на бекатонски патеки од двете страни на улицата и асфалтирање како финална активност.

Паралелно со ова се одвиваат и градежните активности на улицата во населеното место Нова Маала. Оваа улица започнува од спојот со постојната асфалтирана улица и истата е во должина од 398 метри.  Улицата е со ширина од 4метри,  бекатонски патеки од по половина метар од двете страни и канал за прифаќање на атмосферските води по целата должина на улицата.

Во моментот се изведуваат градежните  активности на каналот.

Според информацијата од градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов,  комплетнитте активности на овие две улици треба да завфршат до крајот на оваа градежна сезона.

Вкупната инвестиција за двете улици  изнесува околу 12 000 000 денари од кои 10 000 000 ден.  се кредит односно подзаем обезбеден преку Министерството за финасии од Проектот за подобрување на општинските услуги и околу 2 000 000 денари средства од општинскиот Буџет.

Рок на отплата на кредитот е  5,5 години и грејс период од 1 година.

Активностите на терен ги изведува градежната компанија  „Универзал градба“.

DSC_0182

DSC_0185

DSC_0190

DSC_0192

DSC_0198

DSC_0202

DSC_0205

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail